Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

1.875 прекршоци во август при контролите на велосипедисти, мопедисти и мотоциклисти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library9q24ke3t098m3eIMrzW

Вкупно 1.875 прекршоци биле констатирани во текот на август при зајакнатите сообраќајни контроли насочени кон возачите на велосипеди, мопеди, мотоцикли и други лесни моторни возила.

— реклама —

Секторот за сообраќајни работи при МВР контролите ги спровел на целата територија на државата, при што најголем број прекршоци биле евидентирани на подрачјето на СВР Скопје – 503. Следуваат СВР Битола со 230, СВР Струмица со 216, СВР Охрид со 179, СВР Тетово со 178, СВР Штип со 169, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата со 147, СВР Велес со 128 и СВР Куманово со 125 прекршоци.

— реклама —

Најголем дел од констатираните прекршоци, односно 1.563, се однесувале на неносење заштитен шлем – кацига при управување со возилото. За сите прекршоци биле преземени соодветни мерки согласно законските прописи.

Во рамки на акциските контроли биле поднесени и 116 кривични пријави против возачи согласно член 297-а од Кривичниот законик, додека согласно член 300-б биле одземени 97 мотори.

— реклама —

Дополнително, полицијата констатирала уште 3.259 прекршоци од друг вид.

— реклама —

Од МВР најавуваат дека продолжуваат со зајакнати сообраќајни контроли на целата територија, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylfhsascnika0cnle4Ie

Пронајдени марихуана, кокаин и оружје при полициски акции во неколку градови

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-library34tm5r8982b29rSssfM

Охриѓанка пријавена за одземање дете, не ја вратила малолетната ќерка на сопругот

Македонија | пред 14 часа

media-library2ftfop54e8lhdjZu9ue

Двајца возачи приведени за безобѕирно управување, едниот возел без дозвола, другиот пијан

Македонија | пред 14 часа

media-librarysg8c8o6i5fqmciQu9mr

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Македонија | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања