„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

19-години од смртта на претседателот Борис Трајковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
hq_boristrajkovski_1493888704

Со државнички активности, Владата на Република Северна Македонија на 26.02.2023 година (недела) ја одбележува 19-годишнината од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател, Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

— реклама —

„На овогодинешното одбележување во Струмица, со почеток во 10:00 часот на споменикот на поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе делегацијата од Владата на Република Северна Македонија, предводена од Јованка Тренчевска- министерка за труд и социјална политика, заедно со Борче Хаџиев - директор на Бирото за јавни набавки.

Во Бутел, Скопје, со почеток во 11:30 часот, на гробот на поранешниот претседател на Република Северна Македонија Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе сопругата на поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Борис Трајковски, Вилма Трајковска, делегација на кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија предводена од Стево Пендаровски, Претседател на Република Северна Македонија, делегација на Собранието на Република Северна Македонија, предводена од Горан Мисовски, потпретседател на Собранието, делегација на Владата на Република Северна Македонија составена од Славица Грковска, заменик претседател на Владата, Ристо Пенов, министер за локална самоуправа, Беким Реџепи, заменик министер за транспорт. Потоа делегација на АРМ предводена од Генерал мајор Азим Нуредини, заменик началник на Генералштаб, како и делегација на Сојуз на борци од НОАВМ предводена од Наум Бурески, потпретседател на Главен одбор на СБМ.

— реклама —

Во Ротимље, близу Мостар, Босна и Херцеговина на спомен обележјето каде што се случи авионската несреќа, во 13:00 часот ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе владина делегација во состав од Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, шеф на кабинет на министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија и претставници од кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Катерина Цаневска Арсовска, советник на Претседателот на Република Северна Македонија, Полковник Билјана Блажевска, аѓутант на Претседателот на Република Северна Македонија.

Во Ротимље ќе присуствуваат и високи претставници од Босна и Херцеговина“, информираат од владата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања