Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

19 годишен кумановец под истрага за трговија со марихуана и амфетамин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Основното јавно обвинителство Куманово отвори постапка против едно лице кое е осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 19-годишен жител на Куманово во својот дом неовластено заради продажба држел наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 305,91 грам и амфетамин со нето маса од 4,29 грама. Дрогата била пронајдена на 6 јуни при претрес на домот, скриена во близина на звучник од музички систем во неговата соба. При претресот биле пронајдени и дигитална вага и дрвена дробилка.

— реклама —

Ценејќи дека се исполнети сите основи, Основното јавно обвинителство Куманово до Основниот суд во Куманово поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судијата на претходна постапка го прифати ваквиот предлог и на лицето му определи притвор во траење од 30 дена.

— реклама —

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања