„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

19-годишното момче од Индонезија преживеа 49 дена на отворено море

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет

Алди Новел Адиланг ја чувал рибарската колиба на вода поставена на 125 километри од брегот, кога силни ветрови ги искинале јажињата на кои се држела и го однеле на отворено море во средината на јули.

— реклама —

Ветровите го носеле 19-годишното момче илјадници километри, до Гуам, каде го нашол рибарски брод.

Откако го однеле ветровите, почнале да му се намалуваат залихите храна, па ловел риба и ја печел на дрвените даски што ги корнел од колибата

— реклама —

Намената на рибарската колиба е да биде мамка за рибите, а работата на Алди била да ги пали светилките што ги привлекуваат рибите.

Секоја недела, некој од неговата компанија му носел залихи храна, вода и гориво и ги земал уловените риби.

Откако го однеле ветровите, почнале да му се намалуваат залихите храна, па ловел риба и ја печел на дрвените даски што ги корнел од колибата.Намената на рибарската колиба е да биде мамка за рибите, а работата на Алди била да ги пали светилките што ги привлекуваат рибите.

Според службите, момчето честопати било исплашено и плачело додека лутало низ отворено море, незнаејќи дали ќе преживее.

Секојпат кога ќе видел голем брод му се разгорувала надежта, но повеќе од 10 бродови го одминале без да го забележат.

На 31 август го спасил панамскиот брод МВ Арпеџо во близина на Гвам.

Стигнал во Јапонија на 6 септември, а два дена подоцна се вратил во Индонезија каде повторно бил обединет со неговото семејство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања