Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

19 кривични дела за безобѕирно управување со возило за едно деноноќие, 17 лица приведени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 12 минути -

Македонија
policija-policajci-kontrola-vozaci-avtopat

Во изминатото деноноќие на територијата на Македонија биле регистрирани 19 кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“, а 17 лица биле лишени од слобода, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Според МВР, 11 лица управувале возило без положен возачки испит или без стекнато право на управување. Меѓу нив имало и двајца малолетници, од кои едниот управувал мопед. Со едно лице бил извршен службен разговор.

— реклама —

Во шест случаи возачите биле затекнати под дејство на алкохол. Највисока концентрација била измерена кај 29-годишник од Битола, во чија крв имало 3,23 промили алкохол. Кај останатите петмина биле измерени од 1,55 до 2,20 промили.

МВР регистрирало и случај во кој 20-годишник од Битола учествувал во сообраќајна несреќа со материјална штета, управувајќи возило без регистарски таблички и без возачка дозвола. Дополнително, 29-годишник од Скопје управувал возило без стекнато право на управување и со истечена важност на сообраќајната дозвола.

— реклама —

По целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Од МВР повторно апелираат до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила, да не седнуваат зад волан без возачка дозвола или под дејство на алкохол, а родителите и старателите да не им дозволуваат на малолетниците да управуваат возила пред да ги исполнат законските услови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb1mnij87169770CmC2x

Двајца велешани приведени, полицијата пронашла марихуана, таблети и дигитална вага

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryv3sgenkbe8hicv4R4Cx

Уапсен 39-годишен скопјанец, полицијата пронашла сомнителна растителна материја

Македонија | пред 4 часа

mrtov

Починат 58-годишен маж пронајден на улица во Гостивар

Македонија | пред 22 часа

media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Пукано во автомобил во движење на патот Дебреште – Врапчиште

Македонија | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања