Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

2 години отчет на градоначалникот Златко Марин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
OTCET-2-GODINI

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска ја презентира работата од својот двегодишниот мандат.

— реклама —

Почитувани граѓани,

Изминаа две години откако граѓаните на Аеродром ни ја дадоа довербата. Преку транспарентна, чесна и посветена работа заедно со членовите на Советот реализиравме голем број проекти, кои се главни приоритети на жителите на Аеродром, а со цел да обезбедиме подобри услови за живот.

— реклама —

Дел од позначајните реализирани проекти:

  • Изградивме нова градинка „Буба Мара“ во Ново Лисиче со што двојно го зголемивме капацитетот на згрижување.
  • Изградивме четири нови краци на улицата „Пандил Шишков“ во Стар Аеродром
  • Ги поврзавме улиците „Коста Новаковиќ“ и „Ангел Димовски“ со кружен тек.
  • По долги години конечно реконструиран патот Јурумлери – Драчево во Долно Лисиче во соработка со Агенцијата за државни патишта.
  • Целосно го осветливме трговскиот центар во населбата Лисиче
  • Набавивме и засадивме 5500 нови високостеблести дрвја за кои издвоивме 22 милиони денари
  • Доделивме субвенции за печки на пелети, за чистење оџаци, за велосипеди и инвертер-клими
  • Подигнавме нови површини со зеленило преку изградба на 4 нови парка и реконструкција на два постојни
  • Доделуваме еднократна помош од 3.500 денари за секое прваче и еднократна помош од 5.000 за секое новороденче
  • Ги презедовме трошоците за обезбедување на училиштата
  • Доделуваме еднократна финансиска поддршка од 10 илјади денари за талентирани млади спортисти
  • Им даваме поддршка и инклузија на лицата со попреченост.

Со забрзано темпо ќе работиме и во наредните две години остварувајќи ги предизборните ветувања што ги претставивме пред граѓаните и за кои ја добивме нивната доверба. Општина Аеродром ќе продолжи да се развива во насока на создавање современа, развиена европска општина, со висок стандард на урбано живеење и со подобри услови за сите граѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања