20 години Ден на Охридско Езеро, 20 години како индикатор на уникатноста и самоволието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
grasnica-ezero

Пишува Дејан Пановски, националниот координатор на ГЕФ Дримскиот проект.

— реклама —

 

2000/2020. Да, точно 20 години од денот кога одлучивме да воспоставиме Ден на Охридското Езеро. 20 години откако почна прославувањето на Денот на Езерото во организација на градовите кои лежат на неговиот брег. Создадовме традиција, историја, вредност. Некои сеуште ќе речат ништо не е направено за Езерото. Не, извинете ,во сферата на еко заштитата нема видливи градби и згради. Тоа се долготрајни процеси за одржливост. И ги има неколку постигнати за Охридскиот слив.  Прво, потпишаниот и ратификуван прв договор за заедничка заштита на езерото и негова одржливост помеѓу македонската и албанската страна од 17. Јули 2004 година и воспоставените билатерални тела е од голема важност за се она што се случуваше потоа. Низа на проекти за заштита на биодиверзитетот, за изработка на физибилити студија за рехабилитација на колекторскиот систем, добивањето на статус Биосферен резерват на УНЕСКО во 2014 година, добивање на статус на УНЕСКО на албанската страна од регионот на Охридското Езеро и подготовката на План за управување со заедничкиот слив на Охридско езеро се елементи кои сеуште ја држат состојбата да не стане тотална жртва на самоволието и немањето свест за вредностите.

— реклама —

20 години од Денот на Охридско езеро се поклопуваат со отпочнувањето на консултативниот процес за усвојување на Планот за управување со сливот на Охридско Езеро. Прв ваков со прекуграничен опфат и плус во согласност со Европската рамковна директива за води. Тоа е алката која недостасуваше и која ја ставаме сега во синџирот на управувањето. Имаме нацрт План кој е оценет со високи оценки и кој содржи програма со стотина мерки потребни за идна заштита на целокупниот слив. Составен дел на тој план се и резултатите од трите мониторинг кампањи спроведени во 2019 година кои покажаа дека генерално водата во езерото е сеуште со висок квалитет и со добар еколошки статус согласно европските директиви. Таа состојба треба да се одржува и унапредува. Консултативниот процес кој е пред нас ќе ги вклопи секако интересите на заедницата во финалната верзија на Планот. Охридскиот слив доби квалитетен документ после кој ќе биде отворена вратата кон донаторската заедница за финансиска поддршка на предвидените мерки од планот. Поголема вредност за 20 годишнина на Денот на Езерото не можеше.

Да, има уште многу проблематични прашања. Парапетската урбанизација и дивеење на крајбрежието, немањето на свест и самоволието, нашиот самоуништувачли менталитет,  рибокрадство и немањето желба да му се стави крај на истото, неконтролираниот влез на пловни објекти користени во други еко системи, нерегулирањето на притоките и уште многу . Во меѓувреме и Статусот под УНЕСКО доби елементи на испревртена приказна ако знаеме дека универзалната вредност на Охридскиот регион од природен аспект е пред се пејсажна. Ако на сето тоа се додаде хидролошката зависност од климатските варијабили, неодвоивоста на Езерото од управувањето со целокупниот басен на реката Дрим и интересот на енергетскиот сектор во сливот, ете доволно елементи кои ја одразуваат комплексноста на целиот воден систем за кој е неопходна координација и  храброст за носење на одлуки.

Самобендисаноста дека имаме најубаво езеро најдобро ја рефлектира изјавата на еден мечународен експерт : Далеку од тоа дека имате најубаво езеро, но имате уникатно и тоа треба да го потенцирате.  И 20 години се обидуваме да ја спознаеме, да ја институционализираме, да ја заштитиме, да не ја изгубиме токму таа уникатност. 20 години во процесите за заштита и управување со водените ресурси, посебно прекуграничните,  не некој значајно долг период. Посебно кога заштитата е сеуште при дното на политичкиот интерес. Некој деновиве некаде кажа дека односот кон Охридското езеро ќе биде индикатор за развојот на државата. Ние исто тоа го кажавме пред точно 20 години кога го утврдивме овој Ден. Па ете повод да оценете сами каков ни беше односот кон Езерото и што тој покажа за нас самите. Се обидовме во одредени критични моменти да го браниме Езерото кога беше тешко да се брани, но и да изготвиме студии, планови и мерки за иднината. Мерките предвидени во Планот за управување со сливот на  Охридско Езеро и во усвоениот Стратешки план за Дримскиот Басен се мерки со точно идентификувани надлежности, финансиски потреби и период за имплементација. Тоа е база, тоа е шанса.  За да се направат клучните исчекори. Најголемот потсетник и симболика за што се она што се направило и за се она што уште треба да се направи ќе биде токму овој ден 21 Јуни -Денот на Охридско Езеро. Вечен да е !

 

*Денот на Охридско Езеро 21 Јуни е утврден на седницата на заедничкиот Борд на билатералниот Проект за заштита  со Охридското Езеро одржана во Февруари 2000 година во Скопје, на предлог на македонската делегација предводена од проф .Никола Панов, тогаш потскретар на Министерството за животна средина. Денот и избран заради многукратната симболика – најдолгиот ден во годината, ден на почеток на летото, ден на почеток на летната туристичка сезона.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања