Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

2022 година ја одбележаа неговите лаги, на Мицкоски не може да му се верува, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
mickoski-h-3

2022 година ја одбележаа лагите на Христијан Мицкоски кој е под заложништво на Димитар Апасиев и Левица, вели СДСМ

— реклама —

„Докажувајќи се пред Левица, Мицкоски лажеше дека ќе ни се случела асимилација и бугаризација, лажеше дека македонскиот јазик немало веќе да се нарекува македонски.

Одржувањето на првата Меѓувладина конференција, потпишувањето на првиот документ со ЕУ, Договорот за Фронтекст, на официјален македонски јазик без фусноти и додавки ги демантираа лагите на Мицкоски.

— реклама —

Лажеше Мицкоски и кога најавуваше 100 нови електрични автобуси за Скопје, како и нова фабрика за производство на такви автобуси.

— реклама —

По девет месеци од таа лага на Мицкоски во Скопје не само што нема нови автобуси, туку и постоечкиот јавен превоз е во хаос.

Синоќа уште една лага на Мицкоски потона, се потврди дека е во коалиција со Данела Арсовска и Левица во Скопје.

— реклама —

Се што Мицкоски кажа - излажа, затоа не може да му се верува“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања