Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

„21 години од потпишувањето на Рамковниот договор, целта се уште не е постигната“, вели Алијанса за Албанците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
alijansa-za-albancite

Охридскиот договор е документот што направи промена во земјата и имаше за цел да ја промовира еднаквоста меѓу народите и развојот на земјата и нејзините граѓани. За овој документ многу млади мажи и жени ги жртвуваа своите животи, многу населени места беа тешко оштетени и се уште ги чувствуваат последиците, вели Алијанса за Албанците.

— реклама —

„Денес, 21 години од потпишувањето на овој договор, целта се уште не е постигната во ниту еден од столбовите на овој документ, додека во некои од нив имаме и уназадување. Правична и соодветна застапеност не само што не е постигната, туку е пренасочена и заменета со партиско претставување на високи и клучни функции за системот. Денес не само што не постои еднаквост меѓу народите, туку нема и индивидуална правда за граѓаните. Во економската сфера не само што е зголемена сиромаштијата, туку се продлабочи и дискриминацијата во распределбата на буџетот по етничка основа. Албанците денес имаат финансиски проблеми, додека само тие од власта станаа милионери. Неспроведувањето на Охридскиот договор и неговиот дух доведе до зголемување на криминалот и корупцијата, главно на штета на албанскиот граѓанин.

— реклама —
— реклама —

За појасно да се разбере неуспехот на владите од овие две децении, раководени од ДУИ, доволно е да се потсетиме дека дете родено во 2001 година, денес на 21 година возраст го прекинува учењето и ја напушта државата, тргнувајќи по патот во печалба. Многу негови врсници се деца на загинати борци кои се жртвуваа за овој договор, а многу жени коишто оттогаш останаа без сопружници денес ги испратија и своите синови.

— реклама —

21 години по потпишувањето на Охридскиот договор, владејачката партија ДУИ се фали со миграцијата на младите и малкуте инвестиции на приватните бизнисмени, обидувајќи се да им го украдат трудот и нивното пожртвување“, се вели во соопштнеието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања