Во текот на изминатите денови (05, 06 и 07.04.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 63 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 90 возачи од кои: тројца затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 72 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и 15 возачи затоа што биле возачи-почетници.
Исто така, исклучени од сообраќај се и 62 возила бидејќи 60 биле нерегистрирани и две возила поради претовар. Санкционирани се 21 возач поради поминување на крстосница на црвено светло, 17 возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, седум возачи поради неправилно престројување, девет возачи поради неправилно престигнување, шест возачи поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, 28 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 14 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 42 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.
Во однос на пешаците санкционирани се седум пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 274 мандатни платни налози и 151 возило се подигнати со специјално возило „пајак". Изминатите денови се случиле 21 сообраќајна незгода во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а 20 лица со телесни повреди.