Промени тема
Контакт

21 возач уапсен: 14 возеле без дозвола, четворица со забрана, тројца пијани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryoj2260cusfgs5QkAM2n
unsplash

Во текот на изминатото деноноќие полицијата лишила од слобода 21 возач на различни локации во Македонија, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“ според член 297-а од Кривичниот законик.

— реклама —

Од приведените, 14 лица управувале возила без положен возачки испит. Станува збор за Б.С. (18), А.Б. (20) и Е.М. (21) од Скопско, Б.Ф. (24), А.Ч. (19) и Е.Ј. (28) од Скопје, Т.Т. (62) од Велес, Б.А. (36) од Мелница, општина Чашка, А.Ш. (26) од Битола, А.С. (18) од Битолско, Х.Р. (18) од Охрид, Н.М. (44) од Валандовско, А.И. (28) од Тетовско и Ф.Ј. (24) од Тетово.

— реклама —

Тројца возачи биле лишени од слобода поради управување под дејство на алкохол. С.К. (54) од Скопје, Т.С. (68) од Радовишко и Д.С. (41) од Тетовско биле затекнати во ваква состојба.

Уште четворица возачи биле приведени бидејќи управувале возило и покрај активна забрана за управување. Тоа се Д.С. (32) од Кичево, С.М. (32) и Г.П. (42) од Скопје и С.Т. (55) од Кавадарци.

— реклама —

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и да не управуваат возило без положен возачки испит, со активна забрана или под дејство на алкохол.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfkg0fo0jp1uq8LEg4mR

МВР лиши од слобода 14 возачи, 12 од нив возеле без возачка дозвола

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryiesp8hmvsuhqe4TzE9J

Пронајдени девет мигранти кај Гевгелија, уапсени двајца осомничени за криумчарење

Македонија | пред 6 часа

media-library22ehvslmdm22arH0l94

Поштар од Штип не доставил писмо до вработена во Министерството за образование, се потпишал во нејзино име, следува кривична пријава

Македонија | пред 6 часа

media-library647l7lo03jap8OvnkYt

Мотоцикл удрил во дива свиња кај Гевгелија, тешко повредени возачот и сопатничката

Македонија | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања