Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

21 земја од Европската Унија денеска гласаат на европските избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
den-na-evropa

Дваесетина земји од Европската Унија денеска гласаат на европските избори, откако вчера гласаа Летонија, Малта и Словачка, а претходно гласаа и Британците, Холанѓаните, Ирците и Чесите.

Од четвртокот до денеска околу 418 милиони гласачи низ 28 земји на ЕУ може да учествуваат на изборите, во едни од најголемите светски демократски избори.

— реклама —

Денеска гласаат 21 земја. Избори има во Германија, Франција, Австрија, Полска, Шведска, Финска, Данска, Бугарија, Романија, Италија, Словенија, Хрватска, Грција, Малта, Белгија, Луксембург, Шпанија, Португалија, Естонија, Литванија и Унгарија.

Изборите започнуваат нов политички циклус во ЕУ, кој вклучува и промена на водството на нејзините институции. Исто така, изборите доаѓаат во време на планирано излегување на Велика Британија од Унијата, како и закани кои следат од надвор и од внатре, велат аналитичарите.

— реклама —

Истражувањето на јавното мислење покажува дека крајно десничарските политички партии би можеле добро да поминат, што потенцијално би можело да го загрози носењето на одлуки во ЕУ во наредните пет години. Одѕивот на изборите на ЕУ вообичаено е низок, што на маргиналните партии им оди во прилог.

Привремените езултати во сите земји ќе бидат објавени денеска во 23 часот, кога се затвораат гласачките места, во последната земја на ЕУ, Италија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања