22-годишникот од Битола кој почина не бил вакциниран и страдал од обезност, состојбата нагло му се влошила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DSC_0683

Младиот пацинет од Битола кој имал 22-години и почина од коронавирус не бил вакциниран и имал коморбидитет, односно страдал од обезност. Тој за првпат бил дијагностициран како позитивен на вирусот минатата сабота,а состојбата нагло му се влошила за три денови.

— реклама —

„Пациентот бил лекуван во КБ Битола, позитивен на Ковид 19 од 09.10.2021. Прв пат се јавил на преглед на 10.10.2021 на инфективното одделение во битолската болница, според лекарскиот извештај, пациентот бил без знаци за пневмонија, имал температура и му била препишана терапија за дома. Пациентот бил на лекарски преглед и следниот ден на 11.10. а за 12.10.2021 на пациентот му биле закажани контролни анализи. На 12.10. поради влошување на РТГ наодот и лабораториски анализи, пациентот бил хоспитализиран. Во лекарскиот извештај е наведено дека пациентот бил ставен на кислородна поддршка и дадена му е соодветна терапија. Кај пациентот прогресивно дошло до влошување на состојбата, починал на 15.10.2021. Коморбидитети: обезитас. Не е вакциниран“, велат од Министерството за здравство за „Скопје1.мк“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања