„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

22 лица повредени во сообраќајки низ Скопје за два дена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје

Дваесет и две лица се здобиле со лесни телесни повреди во 17 сообраќајни незгоди, од вкупно 24, што се случиле изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје. Во седум сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

— реклама —

Според податоците на СВР Скопје, од сообраќај полицијата исклучила 20 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 41 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и пет возачи почетници и 41 нерегистрирани возила.

За непрописно паркирање се издадени 182 мерки, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 110 возила.

— реклама —

Казнети се и осум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, девет возачи кои поминале крстосница на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, тројца за неправилно престигнување, 14 за некористење на заштитен шлем од страна на возачите на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, 15 за неносење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторно возило и 13 за користење мобилен телефон за време на управување моторно возило.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања