Бројот на заболени од грип, од кој во Србија оваа сезона животот го загубија 23 лица, секојдневно расте. Најмладата жртва е две годишно момче кое почина пред неколку дена. Само во вторникот во Србија како последица од грипот починале 4 лица.
Според епидемиолозите во наредниот месец може да се очекува раст на бројот на заболени на територијата на целата земја.
„Зимскиот распуст го успори ширењето на грипот. Од друга страна се очекува дека со враќањето на децата во училиште ќе се зголеми бројот на заболени“, вели д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ за српски Блиц.
Од Институтот за јавно здравје на Србија соопштуваат дека е регистриран среден интензитет на активност на грипот, но широка географска распространетост.