ВО ЖИВО

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

24 часа МВР за Скопје: Девет сообраќајни незгоди од кои една со загинати лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
soobr1

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои една сообраќaјна незгода со загинати лица, две со телесни повреди и шест сообраќајни незгоди со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице го загубило животот и две лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 44 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

— реклама —

Од сообраќај се исклучени 11 возачи од кои: осум возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и тројца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 11 возила бидејќи осум биле нерегистрирани, а три возила биле технички неисправни.

Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, шест возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, 10 поради неправилно престројување, двајца возачи поради неправилно престигнување, двајца поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, еден возач поради непоседување пропишана зимска опрема, двајца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 11 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 123 мандатни платни налози и 86 возила се подигнати со специјално возило  пајак.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања