Во текот на 30.10.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 13 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 25 возачи, од кои: четири возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 19 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи – почетници, кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 23 возила од кои 22 возила затоа што биле нерегистрирани и едно возило поради претовар. Санкционирани се осум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, три возачи поради неправилно престројување, двајца возачи поради неправилно престигнување, двајца возачи поради недавање на првенство на минување на возила во зона на крстосница, еден возач на мотоцикл поради неносење заштитен шлем, осум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и седум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкциониран е еден пешак поради поминување на коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 81 мандатен платен налог и 79 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.