Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

25 години од трагедијата кај Требош: Загинале тројца припадници на единицата „Лавови“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 18 минути -

Македонија
media-library1ddg7ot6rjhg6EtsXx7
Фото: ФБ / Македонски Бранители

Денеска се навршуваат 25 години од загинувањето на тројцата припадници на специјалната полициска единица „Лавови“ – Драго Маневски, Бобан Трпков и Оливер Петрушевски, кои на 11 ноември 2001 година го загубија животот во заседа кај тетовското село Требош.

— реклама —

По повод годишнината, Слободан Темелковски се потсети на трагичниот настан, наведувајќи дека припадниците на единицата биле испратени да обезбедат терен на кој постоеле сомневања за масовна гробница со телата на 13 киднапирани македонски цивили.

Според неговото сведоштво, при враќањето од задачата, полициската колона била нападната од заседа со ракетни фрлачи и зољи. Во нападот загинале Маневски, Трпков и Петрушевски, додека тројца нивни соборци биле ранети.

— реклама —

Темелковски истакнува дека загинатите биле млади луѓе, семејни луѓе и припадници на единицата кои ја извршувале својата задача и покрај опасноста. Тој повикува нивниот спомен да се зачува и нивната жртва никогаш да не биде заборавена.

— реклама —

„Нека е вечен споменот на Драго, Бобан и Оливер“, порачува Темелковски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања