Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

25-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола-Кичево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
soobr1

Вчера попладне во 16:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Кичево кај местото викано „Бели мост" се случила сообраќајна незгода во која животот го загуби Ј. Г. (25 г.) која живее во демирхисарското село Белче.

— реклама —
— реклама —

Од СВР-Битола вчера соопштија дека во сообраќајната незгода учествувало патничко моторно возило марка „мерцедес" со демирхисарски регистарски ознаки управувано од Б.Г.(33) од селото Белче, демирхисарско, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во незгодата од здобиените повреди починала на лице место сопатничката Ј.Г.(25) од село Белче каде од страна на Итна медицинска помош е констатирано смрт, а кај малолетен сопатник кој е пренесен во Клиничката Болница-Битола констатирани се тешки телесни повреди.

— реклама —
— реклама —

Увидот е извршен од страна на увидната екипа на СВР Битола, а од страна на јавен обвинител издадена е наредба врз телото на починатата да се изврши обдукција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања