Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

25-годишник возел без возачка и направил сообраќајка: повредено 4-годишно дете

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library8f8pvkckrk5h6Pb4GBy
Илустрација / Скопје1

Возач (25) од тетовско Требош е уапсен откако без возачка дозвола управувал автомобил и предизвикал сообраќајна несреќа на регионалниот пат кон селото.

— реклама —

Несреќата се случи синоќа околу 22 часот, а учествувале патничко возило „голф“, управувано од С.Г. (25) од с. Требош, и патничко возило „мерцедес“, управувано од Т.С. (80) од село Палатица.

— реклама —

Според информациите од СВР Тетово, С.Г. го управувал возилото без возачка дозвола, со што сторил кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, поради што веднаш е уапсен.

Во несреќата тешки телесни повреди добиле сопатничките во „мерцедесот“ – Р.С. (77) од с. Палатица и С.И. (49) од Тетово. Со телесни повреди се здобиле и В.И.(46), како и четиригодишно дете.

— реклама —

Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Тетово.

— реклама —

Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Тетово, а по целосно документирање на случајот против С.Г. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

grobista-3

Вандализам на гробишта во Ѓорче Петров: Искршени две мермерни плочи

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryke6akhmugg4sd9syNXi

Судир на две возила во Скопје: Девојка се здобила со тешки повреди, уште две лица повредени

Македонија | пред 10 часа

media-library8f8pvkckrk5h6Pb4GBy

Малолетен возач и неговиот сопатник тешко повредени во сообраќајка во Скопје

Македонија | пред 10 часа

media-library442u516q70206nazeAm

93-годишен пешак тешко повреден откако бил удрен од автомобил во Скопје

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања