„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

25 жртви во пожарите во Калифорнија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
e5098fada26f48b9769f6dcd4c80e130

Бројот на жртви во пожарите во Калифорнија се зголеми на 25, откако се пронајдени уште 14 тела во градот Парадајс во северниот дел на државата, соопштија локалните власти.

— реклама —

Во овој град има најмногу жртви, вкупно 23, додека уште две лица се пронајдени во близина на Малибу.

— реклама —

Околу 250.000 луѓе се приморани да ги напуштат своите домови за да го избегнат огнот.

Огнот избувна во четвртокот, и е толку голем што пожарникарите не можат да го спречат да го уништи градот Парадајс.

Американскиот претседател, Доналд Трамп за пожарот го обвини секторот за управување со шумите поради лошата организација.

Изгореа многу куќи, а помеѓу евакуираните се и голем број на јавни личности како Ким Кардашијан, Орландо Блум, Мартин Шин кого спасувачите го пронашле на плажа.

Метеоролозите предупредуваат дека лошите временски услови може да продолжат и во текот на следната недела.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања