„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

2.631 лице се стекнаа со право на користење социјална пензија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
penzioneri

Од почетокот на спроведувањето на социјалната реформа до сега 2.631 лице се стекнаа со правото на користење на социјална пензија предвидена со законската регулатива за социјална сигурност на стари лица.  Месечниот надоместок изнесува околу 6.000 денари, средства со кои социјално се обезбедуваат лицата над 65 години коишто немаат други извори на егзистенција.

— реклама —

Како што соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика, право на социјална пензија имаат сите лица кои се државјани на Република Северна Македонија најмалку 15 години и не примаат старосна пензија, вклучувајќи ги и лицата без ден работен стаж.

За домаќинствата каде што и мажот и жената ги исполнуваат условите за користење на социјална пензија месечниот надоместок го користи само еден член, бидејќи станува збор за право од социјалната заштита и не е поврзано со ПИО.

— реклама —

Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите граѓани и граѓанки коишто ги исполнуваат условите предвидени со законската регулатива да поднесат барање за остварување на социјална пензија во месно надлежните центри за социјални работи.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања