Судијата во судскиот процес за обвинетите за организирање на упадот во Собранието на 27 април 2017 година, Илија Трпков, на почетокот на денешното рочиште извести дека биле доставени сите докази на Обвинителството за гонење организиран криминал до адвокатот Јордан Апостолски кои се состојат од еден хард диск и скенирани материјали.
Русковска го образоложуваше обвинението поднесено против лицата кои се товарат дека се организатори на „27 април“, а потоа, на изненадување на сите, го цитираше Гоце Делчев.
„Историјата не памети кога еден народ ист по јазик, вера и традиција се разделува на толку различни страни, една од друга потуѓа“, рече Русковска.
Вељаноски и Јанакиески се изјаснија за невини, а процесот, според нив е само политички прогон.
„Трајко Вељаноски, сега обвинет, а тогаш претседател на Собранието, и по функцвија втор човек во државата, не направи ништо во тие критични моменти за државата. Постапи спротивно на деловникот на Собранието. Одби да се извреши промена на точките на дневен ред на барање на пратеникот Оливер Спасовски со поддршка на 10 пратеници, ама не заборави да се допишува со лидерот Никола Груевски.
Му дозволи на пратеникот Зекири да ја испее албанската химна на говорница, што претствуваше иницијална каписла народото да тргне кон собранието. Дали обвинетиот Вељаноски се обиде да ги заштити своите колеги пратеници? Дали се обиде да го спречи лудилото кое владееше во Собранието? Одговорот е едноставен – НЕ!
Не само што не направи ништо, туку началникот на неговото лично обезбедување тогаш, сега осудениот Ѓошевски на групата предводена од Никола Митревски – Кољо, им помогна да стигнат до сала број 3, каде во тој момент се наоѓаа пратениците од новото парламентарно мнозинство. Единствена грижа за Вељаноски беше само личната грижа. Ете таков човек имавме за втор човек во државата“, рече Русковска.