„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

„27 април“ шест години потоа: Нинџа преку ден е надвор, а за спиење во затвор, Чавков зад решетки во Штип

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
sud

За едни уставобранители и чесни луѓе, за други терористи и убијци. Правосилно осудените за настаните од 27 април од првата постапка, кои судијката Добрила Кацарска ги осуди на вкупно 211 години, шест години по настанот се зад решетки. Најголем дел од осудените се во затворот во Штип, дел се во Идризово, дел во Прилеп, а само Нинџа, иако е осуден на казна затвор од 7 години е во Истражниот затвор во Шутка. Нинџа е единствениот од вкупно 16 осудени што е во отворено одделение, односно оди на работа преку ден, а само за спиење е во затворската ќелија. Платата што ја заработува оди на сметката на затворот, објави МКД.мк

— реклама —

Но Нинџа не се издвојува од другите само по третманот во затворот, туку се издвојува во предметот по исказот и по затворската казна. Тој на 6 декември 2018 година на рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје ги откри тајни релации што ги имал со УБК, релацијата со Сашо Мијалков, како и од каде доаѓале наредбите за тоа како да се делува во Собранието на 27 април. Во својот исказ тогаш Нинџа рече дека ја открива вистината за 27 април од своја гледна точка и дека она што го кажал било само дел од она што се случувало, дека наредбите и координацијата за тоа што да се прави и да се презема во Собранието на 27 април стасувале токму од споменатите лица, кои биле дел од командно-оперативниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, а тој ден издавале наредби од осмиот кат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Нинџа тогаш посочи дека е убеден дека никој освен него не видел од каде доаѓаат наредбите.

„Сето тоа што се случи на 27 април беше координирано, а како што масата се движеше кон Собранието, наредбите беа сѐ подиректни“, рече тогаш Нинџа.

— реклама —

Шест години потоа, 17 лица осудени за 27 април (заедно со Сашо Марковски, за кого постапката беше одвоена) се во неколку затвори во земјава. Митко Чавков, носителот на златната команда и раководител на оперативниот штаб, е во затворот во Штип. Таму се и полицаецот Митко Пешов, Душко Лазаров, полициски службеник со долгогодишно искуство, полицаецот Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Младен Додевски, Јане Ченто, Влатко Трајковски и Никола Митровски – Кољо.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања