28 годишна мајка на две дечиња боледува од Кронова болест и има и страшна рана, министерот Филипче вети помош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
gaza

Браќа и сестри!!! Само што се слушнавме со министерот Венко Филипче кој реагираше навистина многу брзо. Драгана ќе биде сместена на Клинички центар се до нејзиното целосно опоравување. Поаѓаме за Куманово да ја однесеме оваа Мајка во лечилиштетo, стои во објавата на групата хуманитарна организација „Св Спас“

— реклама —

Тие додаваат:

Министре ВЕНКО ФИЛИПЧЕ, мој поклон за вас!!! Бог да ве благослови и награди за вашето човекољубие со здравје, радост и успех!!!

— реклама —

Благодарност до СИСТИНА кои исто така ја понуди својата помош!!!

Благодарност и поклон до земја и до секој од вас за безрезервната поддршка!!! Бог да ве благослови и награди сите!!!

Драгана е 28 годишна мајка на две дечиња кои имаат 5 и 2 години... Боледува од Кронова болест, но и страшна рана (не сум лекар, но мислам дека е гангрена) на левата нога. Живее со огромни болки и се лекува во домашни услови затоа што (замислете!!!) нема доволно капацитети да биде примена на болничко лекување. Таа е целосно изнемоштен од болките и не е во состојба да станува од кревет... Нашата хуманитарна организација вчера ја посети Драгана и благодарение на наш поддржувач од Германија купи преврски за три дена, но...

Лекувањето во домашни услови е невозможно финансиски (за три преврски дневно се потребни над 1600 денари), но и од практични причини (преголем болка, дури и при најнежен допир). Оваа мајка не може да си ги прегрне децата од болки... А нашата држава не е во состојба да помогне!!!

Простете, но вие сте ДОЛЖНИ веднаш да реагирате и да и помогнете на оваа наша сестра!!!

Венко Филипче, дали ќе дозволите да продолжи агонијата на оваа жена? Дали ќе преземете нешто за таа да може да го продолжи својот живот и да ги израсне своите деца? Или ќе ја игнорирате и ќе ја оставите со нејзините болки?

Покажете и докажете дека навистина ја почитувате Хипократовата заклетва и реагирајте веднаш!!!

Ве молам, споделувајте и означувајте ги сите кои можат да помогнат!!!

Видеото е со вознемирувачка содржина!!!

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3341631699191466&set=pcb.1261590430865859&type=3&theater&ifg=1

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања