Промени тема
Контакт

283 санкции за брзо возење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
policija-3

Во текот на вчерашниот ден (15.06.2022), Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 283 возачи.

— реклама —

Од нив 19 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 127 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 156 надвор од населено место. За време на акциската контрола санкционирани биле и 159 други видови прекршоци.

— реклама —
— реклама —

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања