Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

30 дена бесплатно со воз низ Европа: можат да аплицираат и младите од Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
244411575_1145527179305593_5851313207239487698_n

Европската комисија го објави новиот оглас во рамки на проектот „Истражи ја ЕУ“, во чии рамки на 36.000 млади луѓе родени во 2005 година ќе им бидат доделени бесплатни билети за патување низ Европа, на кој можат да се пријават и македонски државјани.

 

Огласот ќе трае до 18 октомври во 12 часот по средноевропско време а право на аплицирање имаат родените во периодот од 1 јануари до 31 декември 2005 година, соопшти Комисијата во Брисел.

 

Учесниците со попреченост или здравствени проблеми можат да донесат придружба.

— реклама —

 

Кој сака да освои бесплатен билет, прво мора да го покаже своето знаење во краток квиз.

 

Апликантите кои ќе бидат избрани ќе можат да патуваат низ Европа во период до 30 дена од 1 март 2024 до 31 мај 2025 година.

— реклама —

 

На огласот може да аплицираат млади од Европската Унија и од земјите опфатени со Програмата Еразмус+, односно Северна Македонија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Србија и Турција.

 

— реклама —

Учесниците ќе можат да ја истражат новата европската „Баухаус рута“, започната во јануари 2023 година.

 

Ќе можат да ги посетат европските престолнини на културата и места од листата на светско наследство на УНЕСКО или носители на ознаката за европско наследство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања