Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

30 дневен притвор за Прилепчанец поради производство на дрога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
UaYct-

Надлежен јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против  едно лице на возраст од 44 години, поради постоење основано сомневање дека сторил продолжено кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

— реклама —

„Осомничениот на ден 09.11.2018 година во неговиот дом во Прилеп, неовластено заради продажба чувал 491 гр. наркотична дрога „марихуана“, спакувана во десет ПВЦ опаковки, и 14 мл. смолеста материја – наркотична дрога хашиш. Лицето кое се гони од страна на обвинителството чувало и опрема за подготовка на наркотична дрога „хашиш“ и семенски материјал во вкупна маса од 1,78 гр. од растениото Cannabis Sativa за кои знаело дека се наменети за производство на наркотични дроги.

— реклама —

Предметите беа пронајдени од страна на службени лица на Полициска станица Прилеп при извршен претрес во домот на осомничениот, врз основа на наредба издадена од Основниот суд Прилеп“, велат од обвинителството.

Според надлежниот јавен обвинител, исполнети се законските основи, па достави предлог за определување мерка притвор. Предлогот беше прифатен од судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп, кој со решение на обвинетиот му  определи мерка притвор во траење до 30 дена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања