Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

30 меча, 30 победи: Ѓоковиќ повторно триумфираше во Пекинг

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Спорт
media-librarymmc9015k6ctg91CkZ2y

Новак Ѓоковиќ успешно го започна настапот на АТП-турнирот во Пекинг, совладувајќи го Нуно Боржес во првото коло. За српскиот тенисер ова беше враќање во кинеската престолнина по пауза од 11 години.

Со триумфот, Ѓоковиќ стигна до неверојатен учинок од 30 победи во исто толку одиграни мечеви во Пекинг. Тој досега шестпати ја освојувал титулата на турнирот.

— реклама —

По мечот, Ѓоковиќ не го криеше задоволството што повторно настапува во градот каде што има совршен биланс.

— реклама —

„Драго ми е што се вратив на моето среќно место. Ви благодарам што го исполнивте стадионот, атмосферата беше феноменална“, изјави Ѓоковиќ.

На прашањето како успева да има 30 победи од 30 мечеви во Пекинг, тој посочи дека станува збор за комбинација од повеќе фактори.

— реклама —

„Сакам да играм овде. Условите навечер ми одговараат на играта. Пред 11 години беше така. Јас веќе не сум истиот играч, но и сега се чувствувам добро овде“, рече српскиот тенисер.

— реклама —

Ѓоковиќ се осврна и на времето поминато во Пекинг пред турнирот, посочувајќи дека имал можност подобро да ја запознае кинеската култура.

„Вчера поминавме прекрасно, се запознававме со културата и обичаите. Има многу работи што можат да се научат. Во текот на целата кариера се обидувам да го правам тоа“, додаде Ѓоковиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarym2bnjo6ajfqrfBcjgO3

Нов пад за Ѓоковиќ на АТП-листата, српскиот ас сега е 12. во светот

Спорт | пред 4 дена

— реклама —
Screenshot-2024-01-28-at-14.21.38

Ѓоковиќ повторно на теренот во Париз, во второто коло против Австралиецот Хиџиката

Спорт | пред 1 седмица

Screenshot-2022-02-15-083943

Познат е терминот за првиот меч на Ѓоковиќ на мастерсот во Париз

Спорт | пред 1 седмица

media-librarym2bnjo6ajfqrfBcjgO3

Ѓоковиќ ги дозна противниците на Мастерсот во Париз, прв предизвик ќе му биде тенисер од Монако

Спорт | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања