Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

30 милиони евра имоти се скриени, Ковачевски наместо да ги разреши бара изговори, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
28042022_PVRSM_Kovacevski_pratenicki-prasanja-1

123 функционери на власта криеле имот, Ковачевски наместо да ги разреши бара изговори, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„30 милиони евра имоти се скриени. Функционерите именувани од влада имале законска обврска да го пријавата својот имот во ДКСК, а ДКСК требало да постапат доколку тие не пријавиле.

Директори на централни институции, членови на Управни и Надзорни одбори со месеци, а некој од нив и со години не поднеле анкетни листови до ДКСК.

— реклама —

Дел од функционерите фатени во аферата „Тајни имоти“, како адвокатот Ивица Јевтиќ и Алберт Муслиу признаа дека не го пријавиле својот имот. Со ова паѓаат во вода обидите на ДКСК и Ковачевски да ги релативизираат случаите.

— реклама —

Очигледно е дека се работи за системско прикривање. Случајност може да има кај неколку, но не и кај стотина.

Институциите кога се во прашање граѓани, кои не се функционери на власта реагираат веднаш. А, кога се работи за луѓе од власта законите не ги применуваат.

— реклама —

ДКСК наместо да си го девалвира и онака разнишаниот кредибилитет, да поднесе пријави за сите функционери кои не поднеле анкетни листови. А, Ковачевски да ги разреши“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања