Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

30.000 денари државна поддршка за приклучок или котел на гас – јавниот повик е отворен, Министерството ги повикува граѓаните да ја искористат можноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
pari-1

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги повика граѓаните да аплицираат на јавниот повик за субвенции за приклучување на природен гас и за набавка на котел на гас, преку кој може да се добие финансиска поддршка до 30.000 денари, односно до 70 проценти од направените трошоци.

— реклама —

Од Министерството информираат дека рокот за поднесување на барањата е до 31 октомври 2026 година, а право на финансиска поддршка имаат домаќинства што во текот на годинава ќе извршат приклучок на системот за дистрибуција на природен гас, како и домаќинства што ќе набават котел на природен гас за објект кој бил приклучен на системот најдоцна до 1 јануари 2026 година. За едно домаќинство може да се поднесе едно барање.

— реклама —

За реализација на мерката се обезбедени 3 милиони денари, а средствата ќе се распределуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, сè до нивното исцрпување.

По истекот на рокот, комисија формирана од Министерството ќе ги разгледа пристигнатите апликации, а финансиската поддршка ќе им биде исплатена на сите апликанти што ги исполнуваат условите од јавниот повик.

— реклама —

Од Министерството посочуваат дека со оваа мерка се намалуваат трошоците за домаќинствата, се поттикнува користењето на природен гас како почист енергенс и се придонесува за поголема енергетска ефикасност и подобар квалитет на животната средина.

— реклама —

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на веб-страницата на Министерството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeudeor56kb2teLGFReB

Подготвени за кризи: Македонија со финализирана проценка за сигурно снабдување со гас по ЕУ стандарди

Македонија | пред 6 месеци

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања