Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

31 година сме на страна на државноста и напредокот, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
296167080_881210299511396_3963652905947214424_n

31 година СДСМ е на страната на државноста, на напредокот, на страната на државните и национални интереси. Од процесот на создавање независна држава, меѓународно признавање, преку кандидатски статус, решавање на споровите со соседите и реализирање на стратешката цел, членство во НАТО, па се до почетокот на преговори со ЕУ оваа година, вели СДСМ.

„Сето тоа се успеси на државотворната СДСМ

— реклама —

Денес, конечно, по 17 години во чекалната, успеавме и го направивме клучниот чекор од нашата последна етапа во евро-интеграциите. Започнавме преговори со ЕУ за полноправно членство, со чист македонски јазик, со сочуван македонски идентитет и посебност.

СДСМ го имаше товарот да се носи со едни од најтешките глобални предизвици. Прво со надминување на последиците од пандемијата со коронавирусот а потоа и со решавање на најголемата економска и енергетска криза што последните неколку месеци ја тресе цела Европа и светот.

— реклама —

Сега пред нас повторно е сериозно тежок период, но ние сме подготвени. Со одговорен и ефикасен пристап, го зголемуваме домашното производство на струја со цел таа да биде постојано достапна за домаќинствата, стопанството и за јавните установи.

— реклама —

Цената на електричната енергија за домаќинствата ја субвенционираме во висина од 80 отсто и така ќе продолжиме. Обезбедуваме струја, но и храна, во кризниот период да има доволно и постојано и за граѓаните и за стопанството.

Веќе со септемвриската плата обезбедуваме повисоки месечни примања за вработените во образованието, детската заштита, одбраната, полицијата, а следува и рекордно зголемување на пензиите на над 320.000 пензионери согласно новата методологија договорена со здруженијата на пензионерите.

— реклама —

Ова се само дел од мерките кои имаат за цел заштита на животниот стандард на граѓаните во време на криза.

Како одговорна партија, продолжуваме со вистинска грижа за сите во услови на најтешка економска и енергетска криза по Втората светска војна“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања