Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

31 пожар на отворен простор, два сè уште активни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library80ut1svb25vc0HZ0iWD
unsplash

Вкупно 31 пожар на отворен простор биле регистрирани во Македонија до 07:30 часот на 11 септември, од кои два и натаму се активни, четири се ставени под контрола, а 25 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

— реклама —

Активни се пожарите во општина Македонски Брод, во селото Белица, на местото Кајорец, каде што гори нискостеблеста и мешана шума, како и во општина Чучер-Сандево, во селото Брест, на местото Рамно, каде што е зафатена мешана шума.

— реклама —

Под контрола се пожарите во Бенче во општина Македонски Брод, во Тајмиште, на местото Дарда, во општина Кичево, на градската депонија во Делчево и во селото Копаница во општина Сарај.

Меѓу 25-те изгаснати пожари има случаи на запалена ниска вегетација, шума и отпад на повеќе локации. Пожари биле регистрирани во Струга, Враништа, Радолишта и на потегот Буринец–Локов–Селце–Елевци, како и во Куманово, Крива Паланка, Карпош, Гази Баба, Кривогаштани, Струмица, Желино, Јегуновце, Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Ново Село, Кичево, Радовиш, Старо Нагоричани и Неготино.

— реклама —

Во дел од случаите гореле депонии и отпад, додека на други места биле зафатени ниска и нискостеблеста вегетација, мешана и високостеблеста шума, како и стрништа.

— реклама —

Од ЦУК информираат дека состојбата со пожарите се следи и дека надлежните служби постапуваат согласно состојбите на терен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 2 седмици

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 2 седмици

media-library372j1967aalr4Ld4tDV

Три активни пожари во Македонија, еден е под контрола

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања