Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

31 пожар за едно деноноќие – активни огништа кај Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library641qr7kluupa4doCzWK
unsplash

Во изминатото деноноќие во Македонија се регистрирани 31 пожар на отворен простор, од кои три сè уште се активни, четири се под контрола, а 24 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

Според информацијата на ЦУК, заклучно со 07:30 часот денеска активни се пожарите во три општини.

— реклама —

Во општина Струга гори во реонот на селата Буринец, Локов, Селце и Елевци, каде е зафатена нискостеблеста шума.

Во општина Македонски Брод активен е пожарот кај селото Белица, на месноста Кајорец, каде што е зафатена нискостеблеста и мешана шума.

— реклама —

Активен пожар има и во општина Чучер-Сандево, во селото Брест, на месноста Рамно, каде гори мешана шума.

Под контрола се пожарите во селото Бенче во општина Македонски Брод, во Тајмиште, на месноста Дарда, во општина Кичево, во селото Грачани во општина Ѓорче Петров и на градската депонија во Делчево.

— реклама —

Во текот на деноноќието се изгаснати 24 пожари на различни локации низ земјата.

Во Скопје се регистрирани пожари кај Бардовци, на булевар „Илинденска“ во близина на ЈП „Водовод“, на Љуботенски пат, како и во Копаница и Паничари во општина Сарај.

— реклама —

Пожари се изгаснати и во повеќе општини низ земјата, меѓу кои Прилеп, Долнени, Кривогаштани, Ново Село, Струмица, Босилово, Охрид, Кичево, Штип, Берово, Куманово, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Тетово, Гостивар и Врапчиште.

Според ЦУК, меѓу изгаснатите пожари имало огништа на ниска вегетација, шума, стрништа, грмушки, депонии и отпад.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu3k3obm0rggs5FPIqHz

(Видео) Голем пожар кај Бит-пазар во Скопје: Горат магацини, интервенираат шест противпожарни возила

Скопје | пред 22 часа

— реклама —
media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 3 седмици

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања