339 санкционирани возачи во Скопје: 140 за пречекорена брзина, 33 мотоциклисти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
Policija-1-1

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.09) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 339 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 17 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 140 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 14, 33 санкционирани мотоциклисти и едно одземено партничко возило, 63 мерки за непрописно паркирани возила и 50 возила подигнати со пајак (вкупно 113), а изречени се и 47 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања