Полициски службеници во Гостивар привеле 34-годишен маж откако неговата 25-годишна сопруга пријавила дека физички ја нападнал.
Случајот бил пријавен во полицијата, по што на 30 август во 23:30 часот, на улицата „29 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Б.А. (34) од Гостивар.
Тој бил задржан во полициска станица. По целосното документирање на случајот, од МВР информираат дека ќе следува соодветен поднесок.