Полицијата привела 35-годишен скопјанец кој бил затекнат како управува автомобил без претходно да положи возачки испит.
Од МВР информираат дека на 26 август во 16:30 часот, полициски службеници од ПС БПС Гостивар го лишиле од слобода А.С. (35) од Скопје.
Тој бил запрен при контрола на сообраќајот на магистралниот пат А2 во Гостивар, при што било утврдено дека го управувал автомобилот „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, иако немал положено возачки испит.
По целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.