Триесет и петгодишниот пациент кој вчера почина на Инфективната клиника во Скопје и кој беше позитивен на ковид-19 немал никакви претходни заболувања, потврдија од Министерството за здравство за МКД.мк.
Од таму дополнуваат дека пациентот бил болен една недела со покачена температура, малаксаност и главоболка.
„Лекуван е од страна на матичниот лекар и на 26 октомври е примен на Инфективната клиника каде по кратко време настало нагло влошување на состојбата. Немал други болести", велат од Министерството за здравство.
Пациентот кој се лекувал од ковид-19 на Инфективната клиника во Скопје вчера се најде во листата на починати лица и беше најмладиот починат пациент.