Промени тема
Контакт

36 обвинети за поткуп и злоупотреба при доделување на инвалидски пензии и права на туѓа нега – лекари, адвокат и службеници дел од две криминални групи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
ojo-1

По спроведена истражна постапка започната кон крајот на април 2024 година, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против 36 лица, осомничени за сериозни злоупотреби во процесот на доделување на права за туѓа нега и инвалидска пензија.

Според обвинението, две организирани криминални групи во текот на 2023 и почетокот на 2024 година посредувале и незаконски овозможувале стекнување на овие права во замена за пари – од 150 до 5000 евра, во зависност од типот и времетраењето на правото што се "обезбедувало".

Во мрежата биле вклучени лекари, адвокат и службени лица од неколку јавни установи, кои со злоупотреба на својата службена положба и реално влијание издавале лажни медицински мислења и одлуки, со што грубо ги заобиколувале законските одредби.

Распределба на обвиненијата:

10 лица се обвинети за злосторничко здружување, давање поткуп и примање награда за противзаконито влијание.

5 лица се товарат за злосторничко здружување и примање поткуп.

2 лица – за злосторничко здружување и примање награда за противзаконито влијание.

19 лица се обвинети за давање поткуп и давање награда за противзаконито влијание.

— реклама —

Спогодби и пресуди:

Досега, 13 обвинети склучиле спогодби со Обвинителството, по што Основниот кривичен суд Скопје изрече пресуди:

Првообвинетата доби 3 години и 6 месеци затвор и ѝ беше одземена противправно стекната добивка од 15.000 евра.

— реклама —

За другите 12 обвинети беа изречени условни казни затвор од 1 до 2 години, со рок на испит од 3 до 5 години.

На неколкумина им беше одземена имотна корист – 36.520 денари надоместок за туѓа нега, 2.360 евра и 81.000 денари стекнати со извршување на делото.

Барања до судот:

Обвинителството предложи продолжување на веќе изречените мерки за обезбедување:

— реклама —

Притвор за 5 лица

Куќен притвор за 5 лица

Мерки на претпазливост за останатите обвинети

„Станува збор за сериозна коруптивна шема која ја поткопува довербата во системот на социјална заштита и нанесува штета и на државниот буџет и на граѓаните кои навистина имаат потреба од овие права“, велат од Обвинителството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 10 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања