Осум камиони со гориво од отпад пристигнаа во царинско складиште во Скопје. пренесе „360 степени“.
Неофицијално, во нив има гориво од отпад наменето за голем индустриски капацитет во главниот град на земјата, а потеклото на пратката е од Италија.
-Информираме дека увозот на 11-те камиони што ги спомнувате се дел од пратка од 42 камиона. Од споменатите камиони се земени мостри за анализа и увозната постапка е привремено запрена се до добивање на резултатите од анализите. Камионите кои пристигнуваат, во меѓувреме се сместуваат под надзор во царински склад се до конечна одлука за продолжување на постапката. Претпоставуваме дека се работи за овие камиони, бидејќи немаме други увози на цврст отпад – велат од Царинската управа, објави 360 степени.
Директорот на царинската управа Ѓоко Танасоски на ФБ напиша:
На денешната прес конференција која се одржа во Министерството за животна средина и просторно планирање, ја информиравме јавноста дека резултатите од мострите од РДФ отпад кои беа земени при вонреден инспекциски надзор на ГП „Богородица“, се испратени во акредитирана лабораторија во Естонија и ќе бидат готови за 7 до 10 дена, па ќе бидат споделени со јавноста.
Минисерот Нуредини истакна дека согласно постојниот закон, во земјата е дозволен единствено увозот на отпад што може безбедно да се преработи, без опасност од загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето, безбедно да се користи како суровина или безбедно да се користи како извор на енергија (согласно ЕУ карактеризациите за алтернативни горива). Увоз на отпад заради складирање и депонирање не е дозволен во нашата земја, напиша на ФБ Танасоски.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2541441612778532&set=pcb.2541441819445178&type=3&theater
…