Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

360° во потрага по „Инвока гроуп“, фирмата што го изработила софтвер за мерење просечна брзина по нарачка на Рашковски, но не ја најаде!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
360-stepeni

„Охридска“ 37 е адресата која во Централниот регистар и во тендерските документи фигурира како седиште на „Инвока гроуп“, фирмата што лани изработила софтвер за мерење просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување казни, по нарачка на Генералниот секретаријат кога со него раководеше Драги Рашковски.

Во отсуство на детални одговори за набавката на софтверот вреден 81 000 евра, а и откако фирмата стана недостапна за нашата редакција, 360stepeni.mk тргна во нејзина потрага.

Околу станбената зграда на улица „Охридска“ 37 во центарот на Скопје ништо не најавува дека тука има фирма за информатика и дигитален дизајн.

Во неколку наврати ѕвоневме на стан број 17, кој се води како официјално седиште на „Инвока гроуп“, но попусто. Се обидовме да добиеме информации и од соседите.

– Барам фирма „Инвока“. Дали е во оваа зграда?

– Знаете која е адресата?

— реклама —

– „Охридска“ 37/17

– Ова е „Охридска“ 37, ѕвонете на стан 17.

– Не можев да добијам никој, па се обидувам да дознам дали сум на вистинското место?

— реклама —

– Немам информација дека во зградата постои било каква фирма, а не па… како и да ја кажавте, рекол еден од станарите преку домофонот на зградата.

По уште неколку обиди да добиеме некој што слушнал за „Инвока гроуп“, налетавме на истиот глас. Овој пат со закани нѐ убедуваше дека тука нема таква фирма.

– Значи, било каде да прекинете да ѕвоните, на било кој стан инаку ќе повикам полиција! Во зградата нема никаков натпис дека постои било каква компанија. Да си најдете начин да си ја најдете компанијата!

— реклама —

Инаку „360 степени“ побара појаснување од Владата за изјавата на премиерот – на кој начин биле регулирани авторските права со Рашковски, но не добивме одговор. Освен што софтверот никој не го барал ниту го користи, паѓа во очи и тоа што во годишниот план за јавни набавки на Генералниот секретаријат за 2019 година оваа набавка не била предвидена, туку е дополнително додадена.

Текстот во целост на:  360stepeni.mk

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања