Промени тема
Контакт

38 пожари низ државата – три сѐ уште активни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
pozar-3

Во текот на изминатото деноноќие (11/12 јули), надлежните служби регистрирале вкупно 38 пожари на отворен простор низ целата држава. Од нив, три се сѐ уште активни, пет се ставени под контрола, а 30 се целосно изгаснати.

Најтешка е состојбата во општините Дојран, Велес и Македонски Брод, каде пожарите зафаќаат нискостеблеста и мешана шума, како и деградирани дабови појаси и грмушки.

— реклама —

Пожарите под контрола се регистрирани во Македонски Брод, Чучер Сандево и Долнени, а се работи претежно за шумски појаси и запалени депонии.

— реклама —

Меѓу изгаснатите пожари има повеќе локации со ниска вегетација, отпад, депонии и дури едно домаќинство, а интервенции се вршеле и кај населени места, патишта и објекти во Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Кавадарци, Ресен, Радовиш, Крива Паланка, Струмица, Теарце и други општини.

— реклама —

Надлежните апелираат до граѓаните на висока внимателност, избегнување палење на стрништа, отпад и друг запалив материјал во природа, особено при екстремно високи температури. Сите сомнителни активности треба веднаш да се пријават во МВР или во Територијалните противпожарни единици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања