40 години од појавата на емотиконите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
blowing-kiss-emoji-e1572210007103

Во светот на дигиталната комуникација без мимика и говор на телото, емотиконите станаа важни колку и интерпункцијата. Ги употребуваме за природно да ги нагласиме тонот и емоциите.

— реклама —

По две години социјална дистанца поради пандемијата станаа скори неизбежни. Но, оние кои први се досетија на идејата за дигитална иронија веројатно не ни можеле да замислат колку ќе станат популарни.

— реклама —

Почетокот потекнува пред 40 години на еден американски универзитет кога се осмислени емотиконите групирани за да означат изрази на лицето, првенствено на насмевка.

— реклама —

Модерните емоџи ги покриваат сите животни аспекти, од гримаси до гестикулации со раце.

„Со нив се нагласува како треба да разберете некоја изјава“, вели лингвистот Ерика Линк од Универзитетот во Бон која го истражува јазикот и комуникациите во дигиталните медиуми.

Емоџи денес не се користат само за означување на начинот на кој некој треба да се разбере нечија изјава, туку се и замена за интерпункција, смета Линк.

„Кога емотиконата се користи наместо точка на крајот на реченицата, на пример, нејзиното значење станува ‘експресивно’“, вели лингвистот.

Исто така, помагаат комуницирањето да биде поекономично.

Од друга страна, изостанувањето на емотикони во пораката има значење и често се користи за да се изрази посериозен тон.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања