Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

40 милиони евра за обнова на студентските домови и ресурсните центри

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 часа -

Македонија
Studentski-dom-K.J.-Pitu-Skopje

МОН продолжува со инвестиции за подобрување на образовната инфраструктура и ученичкиот/студентскиот стандард. Годинава ќе продолжи реконструкцијата на студентските домови и ќе почне темелна обнова на државните училишта со ресурсни центри. Со 40 милиони евра од KfW, со поддршка на ЕУ, ќе се реализира втора фаза на енергетски ефикасна обнова на уште 7 студентски домови и ќе се реконструираат 7 ресурсни центри. Обезбеден е и грант од 1,25 милиони евра за подготовки, со цел поголема инклузивност, енергетска ефикасност и намалени CO₂ емисии.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерството за образование и наука продолжува со инвестициските активности за подобрување на инфраструктурните услови за поквалитетна едукација и унапредување на ученичкиот и студентскиот стандард. Годинава, покрај тоа што ќе продолжи реконструкцијата на државните студентски домови, ќе започне и темелна обнова на државните училишта со ресурсни центри кои се столб на инклузивноста на националниот образовен систем.

— реклама —

За оваа намена, од Германската развојна банка KfW, а со поддршка од Европската унија преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, обезбедени се средства во висина од 40 милиони евра. Буџет со кој ќе се реализира втората фаза од процесот на темелна и енергетски ефикасна обнова на преостанатите седум државни студентски домови, со оглед дека домовите „Кузман Јосифовски Питу“ и „Стив Наумов“ се во активна фаза на обнова, а паралелно ќе се реконструираат и објектите на седум државни училишта со ресурсни центри за ученици со посебни образовни потреби.

Дополнително, за покривање на трошоците поврзани со подготовките зареконструкција на ресурсните центри како што се енергетски контроли, детални проекти и тендерирање за енергетски ефикасната реконструкција, преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан поддржана од Европската Унија, обезбеден е неповратен грант од 1,25 милиони евра.

— реклама —

Договорите за користење на средствата ги потпишаа министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и Пабло Алварез Обрадор - директор за енергетика за Југоисточна Европа и Турција во Германската развојна банка KfW, а во присуство на Штефан Худолин - раководител на секторот за соработка при Делегацијата на Европската Унија во Скопје и заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија, Јан-Аксел Фос.

Оваа крупна инвестициска активност е значаен исчекор во унапредувањето условите а живот и учење на младите во Македонија, подинување на инклузивноста, зголемување на енергетската ефикасност на јавните објекти и значително намалување на емисиите на CO₂.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања