Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

40 милиони сајбер напади врз Еквадор - одмазда на хакерите поради апсењето на Асанж

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
asanz-apsenje

Бројот на обиди за хакерски упади врз институциите на еквадорските власти се зголеми двојно и достигна 40 милиони, откако земјата му го укина азилот на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж.

— реклама —

Според зборовите на заменик министерот за телекомуникации на Еквадор Патрисио Реал, од минатата недела кога Џулијан Асанж беше извлечен од еквадорската амбасада во Лондон, страниците на претседателството, Централната банка и министерството за надворешни работи на Еквадор, меѓу другите, се нашле на удар на хакерски упади.

— реклама —
— реклама —

Реал не обвини ниедна конкретна група за хакерските напади бидејќи е исклучително тешко да се идентификуваат потенцијалните напаѓачи. Меѓутоа, тој истакна дека хактивистичкиот колектив Анонимус ја објави заканата.

Лондонската полиција го уапси Асанж на 11 април, откако еквадорските власти му го укинаа азилот. Претседателот на Еквадор потоа го обвини австралискиот новинар дека амбасадата ја користел за шпионирање, а хакерската група Анонимус веднаш му се закани на Еквадор дека ќе го нападне.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања