Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

407 санкционирани возачи во Скопје: 228 за брзо возење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
06

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (05.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 407 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 228 санкции, 29 мерки за возење без возачка дозвола, 61 санкција за возење под дејство на алкохол. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири санкции за возач почетник... Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања