Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

44-то издание на Млад Отворен Театар 2019 – МОТ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Магазин
44.-MOT-cover

Со огромно задоволство ви ја најавуваме програмата на 44 - от Млад Отворен Театар 2019 – МОТ. Овогодинешното издание е закажано од 13 до 21 септември, и во девет вечери ќе гостуваат петнаесет врвни театарски продукции, на шест сцени во Скопје и една во Велес.

Отворањето е во рацете на проектот „Оваа зграда зборува (на)вистина“ - добитник на најпрестижната награда - „Златна Трига“ на 14-то Прашко Квардиенале за дизајн во сферата на перформанс, сценографија и театарска архитектура.

— реклама —

Покрај претставата за отворање, МОТ со задоволство го најавува гостувањето на  Словенско младинско гледалишче и „Сѐ уште без наслов“ на генијалниот Томи Јанежиќ, театарско искуство во времетраење од девет часа.

Во рамките на придружната програма на фестивалот ќе настапи култниот бенд „Шумски“ од Хрватска и номинираните за Греми, „кумови“ на алтернативното кабаре – „The Tiger Lillies“ со едно посебно шоу, со кое слават 30 години во бизнисот. Покрај двата концерти, следува и работилница за специфична локација - „Оди и види“ во Железничката зграда, потоа предавање и дискусија со Мајк ван Гран во Кино Култура и промоција на книгата „Анамнезис: Дијалози на уметноста во јавен простор“ од Сандра Ускоковиќ во МКЦ.

Програмата ќе ја следите во Национална опера и балет, Кино Култура, Железничка зграда, Театар Комедија, сала Фросина – МКЦ, Дансин сала – МКЦ и Драмски театар и една во Велес - Театар Јордан Хаџи Констатинов Џинот.

— реклама —

Продажбата на билети за програмата на 44 - от МОТ 2019 започнува од четврток, 5 септември, по 12 часот на билетарницата во МКЦ и онлајн на bileti.mkc.mk

Цената на билетите за сите претстави до 12 септември е 200 денари.

* За „Сѐ уште без наслов“ билетите ќе чинат 500 денари, а за „The Tiger Lillies“ билети по 350 ден.

Од 13 септември, билетите за сите претстави ќе чинат 300 денари.

— реклама —

* За „The Tiger Lillies“ билети по 500 ден.

*За претставата „Злосторството на 21 век“, која се игра во Велешкиот театар, цената на билетите ќе биде 200 ден. со организиран автобуски превоз од Скопје.

— реклама —

Билетарницата во МКЦ ќе работи секој ден од 13:00 до 20:00 часот.

За оние што немаат потреба од организиран автобуски превоз, цената на билетите е 100 ден., само на касата на Велешкиот театар или со резервации на teatardzinot@yahoo.com или на 043231750.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура на РСМ и Градот Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања