„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

49 нови случаи на Ковид-19 во изминатите 24 часа регистрирани во земјава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Korona-tabela

Во изминатите 24 часа се регистрирани 49 нови случаи на Ковид-19. По градови:

— реклама —

- Скопје 13

- Куманово 14

— реклама —

- Штип 6

- Прилеп 8

- Велес 6

- Гостивар 1

- Кочани 1.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 760 лица. Во изминатото деноноќие направени се 586 теста, а досега во земјата се направени 7.653 тестирања на Ковид-19. Двајца пациенти од Куманово и Прилеп починаа од коронавирус.

Во изминатото деноноќие на Клиниката се примени 3 пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 68, од кои 15 се на кислородна поддршка и 8 на механичка вентилација.

Во болницата „8 септември“ се примени 8 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 28 потврдени и сомнителни на коронавирус. Од нив, 9 се со потешка клиничка слика, а 6 пациенти се на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани вкупно 5 пациенти, еден пациент повремено на кислородна поддршка, а другите стабилни. На домашно лекување преку оваа болница се следат 7 пациенти кои се во добра општа состојба.

Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 13 пациенти потврдени и сомнителни на коронавирус, а уште 13 се следат на домашно лекување. Освен една пациентка кај која има влошување на состојбата, сите останати пациенти се стабилни.ж

https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2360196950953991/?type=3&theater

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања