Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

5-годишно дете прва жртва на грипот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Univerzitetska-klinika-za-detski-bolesti

На Клиниката за детски болести од грип почина 5-годишно дете. Како што информираат од клиниката девојчето е примено вчера откако три дена се лекувало од вирусна пневмонија во Институтот за белодробни заболувања Козле, пишува Слободен печат.

„Поради влошување на состојбата со појава на невролошки симптоми (пореметена свест, конвулзии) детето е префрлено на Клиника и првично примено на одделот за неврологија. Веднаш е свикан конзилиум, земени се лабораториски иследувања и поради тешката состојба со засегнување на мозокот и црниот дроб, префрлено е на одделот за интензивна нега и терапија. Лабораториски се потврди пандемски грип – H3N1 грип тип A. Дадена е терапија со тамифлу, антибиотска терапија, кислородна поддршка, хепатопротективна терапија, антиконвулзивна терапија, интравенски имуноглобулини, плазма и друга специфична терапија. Поради влошување на респираторните симптоми детето е интубирано, но и покрај сите преземени мерки почина во 23.30 часот после 13 часа престој на Клиниката“, информираат од Клиниката за детски болести.

— реклама —

Детето е од Скопје и претходно често се следело и лекувало во Институтот во Козле и на Клиника со дијагноза астма.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања