Новите билети за едно возење во ЈСП чинат 50 денари. Како вчера да беше кога во билетара чинеа 30 денари, во автобус 35 денари. А, додека во приватните беше 25 денари. Па, приватните се споја со државните и оп пак поскапо за народот.
Пред 3 години, јануарски, започна европското влегување во автобус со електронските картички. Симболично, првата картичка чинеше 150 денари со 5 вожњи гратис. Па, многумина ги фрлаа, купуваа нови. Па настана хаос и на секаде фрчеа препораки да не ги фрлате, туку едноставно да ги надополнувате, објави majkatiitatkoti.com.
Минималната цена за надополнување на елекронскиот паричник е 100 денари, или 105 за 3 возења. А постојат и надополнување за 10 вожњи кои траат рекордни 15 дена и чини 250 денари.
Кој е луд, кој е нормален… поранешната картичка за десет возења чинеше 250 денари и траеше колку сакаш. Оваа само две недели. Па, што ако се разболам и не успеам да ги потрошам? Колку само возења пропаднале. Еве мајка ми пред некоја недела изгуби 6. Што кога ќе собереш парично и не е така малку, имајќи предвид дека не се случило само еднаш.
Плаќаш со мобилен, во ред. 40 денари возење. Но, што ако ти се исклучи телефонот? Како на контролорот ќе му објасниш дека си платил и дека магично од ладното време ти се испразнила батеријата? Мене ми се случи тоа, но среќа не дојде контрола. Инаку триста филмови ми се свртеа во главата. А казната не е нималку мала, ниту симболична – 1000 денари, пријатели. 1000 денари!
Текстот во целост на: majkatiitatkoti.com.